Повторно сме со идеја за убав пијалог. Во знак на престојните празници, вареното вино ви доаѓа како Божик во чаша. Ве топли, ве смирува и што е најважно, ве развеселува.
Потребно е:
- 1 шише суво црвено вино
- 100 мл бренди или рум
- 200 мл вода
- сок и кора од еден портокал
- сок и кора од еден лимон
- сок и кора од еден зелен лимон
- 60 гр шеќер
- 1 лажица рендано морско оревче
- 1 стапче цимет
- 2 парчиња ѕвездест анис
- 3-4 каранфилчиња
- 1 стапче ванила (ако имате, ако не половина шишенце есктракт од ванила)
Подготовка: Во тенџере ставете ги шеќерот и водата на слаб оган. Кога ќе се растопи шеќерот, ставете ги корите од цитрусите, заедно со сокот. Ставете ги сите зачини и оставете да проврие 30 минути.