Спорт

Атланта ја совлада Јута

Атланта ја победи Јута со 112 наспроти 110 коша. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ беше еден од четворицата кошаркари на Атланта кои мечот со Јута го завршија со двоцифрен број на поени. Антиќ на теренот мина нешто повеќе од 23 минути и имаше учинок од 12 поени (2/6 за три) и по три скока и асистенции.

Атланта до победата стигна со серијата од 16-4 во последната четвртина од натпреварот.

Кајл Корвер со 26 поени ја предводеше Атланта до победата, Пол Милсап мечот го заврши со 23 поени и осум скокови, додека Демар Керол имаше 11 поени, пет скока и четири асистенции.

Напиши коментар