Спорт

Баерн со прв пораз сезонава!

Аугзбург до победата стигна со голот на Молдерс во 31 минута, со што оваа екипа ги реши сите дилеми околу опстанокот. Аугзбург против актуелниот првак ја забележа првата победа на последните пет натпревари, на претходните четири средби овој тим имаше освоено само еден бод.

На другите натпревари Ајнтрахт го совлада Мајнц со 2:0, Нинберг со истиот резултат загуби од Борусија Менхенгладбах, Вердер и Шалке ремизираа 1:1, додека Штутгарт освои значајни бодови во борбата за опстанок со победата над Фрајбург од 2:0.

Фудбалерите на Баерн Минхен во Аугзбург ја завршија серијата од 53 натпревари на кои немаа пораз во Бундес лигата. Аугзбург, во рамките на 29 коло го совлада германскиот шампион со 1:0. Воедно Баерн го забележа првиот пораз во сезоната, во која пред две кола ја обезбеди шампионската титула.

 

Write A Comment