Спорт

Балотели повторно тема кај сите таблоиди, овој пат поврзан е со плејбој зајчица!

Марио Балотели кој игра во Милан, е една од главните теми на италијанските таблоиди, откако плејбој зајачицата Вероника Граф откри дека со него го изневерила играчот на Интер, Сафир Тајдер.

Граф моментално учествува во италијанскиот Big Brother откри детали за секс скандалот со Балотели, изјавувајќи дека имала секс со Марио и неговиот помал брат Енох, една недела пред да стане дел од шоуто, пренесува Bleacher Report.

Ако тврдењето на Граф се покаже како точно, тоа воедно би значело дека Марио ја изневерил својата девојка Фани Негеша со која е во врска веќе подолго време.

Напиши коментар