Спорт

Бесплатен влез на мечот МЗТ vs. Раднички

Официјално од клубот МЗТ Скопје Аеродром објавија дека влезот за мечот против Раднички од Крагуевац (сабота, 19.00ч) ќе биде бесплатен за сите посетители.

Натпреварот против Раднички ќе биде од посебно значење за капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски, за кого ова ќе биде последен меч во АБА лигата, се наведува во клупското соопштение.

Македонскиот кошаркарски шампион ги повикува своите симпатизери да дојдат во што поголем број и да му помогнат на клубот во освојување на шестата позиција на табелата која води во ЕвроКупот наредната сезона.

МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на последното коло од регионалната лига има скор од 23 победи и 13 порази.

Напиши коментар