Мојата кујна

Бомбици од бадеми

Потребни состојки:

  • 250гр шеќер
  • 250гр бадеми
  • 2 реда чоколадо
  • 2 лажички шеќер
  • 4 лажички црно кафе

Начин на подготовка:

Сварете густ сируп од 250 гр шеќер и половина чаша вода. Кога сирупот ќе зоврие, тргнете го од оган, додадете 250гр варени, ислупени и на парченца исецкани бадеми. Од оваа смеса додека е уште млака, направете мали бомбици. Раката повеќе пати натопете ја со вода, за смесата да не ви се лепи на дланката. Бомбиците прелијте ги со глазура, која се прави од два реда чоколадо со две лажици шеќер и четири лажици црно кафе. Во оваа смеса натопете ја секоја бомбица со помош на чечкалица, а потоа тркалајте ги во рендано чоколадо.

Напиши коментар