Одигравме одличен натпревар во Минск. Задоволен сум што од Минск заминавме непоразени и се гордеам што мојот тим е повторно во Топ 16. Но, со тоа ја исполнивме само првата поставена цел. Останаа уште две, титулата во домашното првенство и титулата во СЕХА-лигата. Против Мешков Брест треба да направиме уште еден чекор во таа насока. Знам, ќе биде тежок натпревар, но моите ракометари се доволно мотивирани. Го почитувам противникот, но ние одиме на победа“, изјави на прес конференцијата во пресрет на натпреварот, тренерот на Металург Лино Червар.
На табелата во СЕХА лигата лидер е Загреб со 34 бодови од 14 натпревари, бод и натпревар помалку има Татран Прешов. Вардар и Металург во досегашните одиграни 12 натпревари имаат освоено по 25 бодови, додека на петтото место е Мешков Брест со 24 бодови од 12 одиграни натпревари.
