Спорт

Дали Барселона пропаѓа?

„Се случува нешто што беше незамисливо на почетокот од сезоната, кога се чинеше дека во клубот ‘цветаат рози’. Тогаш со доаѓањето на најголемиот талент на планетата Нејмар, сите во клубот зрачеа со апсолутна самодоверба. Раководството вети дека ќе ги врати сите долгови на претходниците…Само шест месеци подоцна ситуацијата е далеку од идеална“, се наведува во авторскиот текст на „Marca“.

Како што стои во текстот „каталонскиот клуб е во целосна конфузија и над се е неспособен да ги разбере причините кои ја предизвикаа кризата, а уште помалку имаат решение како да излезат од неа“.

Според „Marca“, сè започнало со скандалот околу договорот на Нејмар, а кој како што беше откриено не изнесувал 57 милиони евра, туку цели 95 милиони евра.

Покрај мадридскиот весник и останатите спортски весници во Шпанија и посветуваат огромен простор на Барселона со констатација „дека клубот ја загубил битката за шампионската титула“.

Напиши коментар