Спорт

Дурент со намера да го достигне Џордан

Натпреварот во Кливленд  за Дурент значеше 35 поени, 11 скокови и шест асистенции. Да се забележи дека Кливленд го забележа четвртиот последовен пораз на домашен терен.

Џејмс Харден постигна 28 поени, а Хјустон запиша победа над Минесота од 129:106. Кевин Лав постигна 29 поени, а Горгју Денг имаше учинок од 22 поени и 21 скок.

Ламаркус Олдриџ не настапи за Портланд во дуелот со Вашингтон, но неговите соиграчи без поголеми проблеми го совладаа Вашингтон со 116:103. Весли Метјуз постигна 28 поени, а Демијан Лилард имаше учинок од 23 поени и 10 асистенции кај Портланд, додека Џон Вол со 24 поени и 14 асистенции го предводеше Вашингтон.

Триото Стефон Кари-Клеј Томпсон-Дејвид Ли му ја донесе победата од 115:110 во дуелот со Милвоки. Кари постигна 31 поен, Томпсон 29, а Ли 22 поени, додека кај Милвоки со 27 поени и шест асистенции се истакна Брендон Најт.

Напиши коментар