Спорт

Џоковиќ оди понатака, Мареј и Ваваринка потфрлија

Во тек се натпреварите за мастерс турнирот во Индијан Велс.

Со добрата игра во првиот сет, хрватскиот тенисер Марин Чилиќ му создаде многу проблеми на вториот светски рекет. Во следните два сета, Ѓоковиќ дојде до својата игра, започна многу поагресивно, по што зачестија неизнудените грешки на Чилиќ и српскиот играч стигна до победата.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде Жилиен Бенето, кој во осминафиналето го победи Фелисијано Лопез.

Турнирот во Индијан Велс, во осминафиналето, донесе две големи изненадувања, откако беа елиминирани третиот и петтиот носител, Станислас Вавринка и Енди Мареј.

Вавринка загуби од Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 7:6, 4:6, 6:1. Андерсон во четвртфиналето ќе игра против уште еден Швајцарец, Роџер Федерер, кој во дуелот на ветераните со 6:4, 6:4 го порази Германецот Томи Хас.

Енди Мареј го доби првиот сет против Милош Раониќ со 6:4, но потоа ги загуби следните два со 7:5 и 6:3. Канаѓанецот роден во Подгорица во четвртфиналето за противник ќе го има Александар Долгополов од Украина, кој во два сета го победи Италијанецот Фабио Фоњини.

Напиши коментар