„Дали Рафа може да го надмине мојот рекорд? Апсолутно да“ – изјави Федерер. „Но, добрата работа е што јас сè уште играм и мојата цел е да додадам уште титули и тоа не мислам само на Гренд слем титули“ – изјави Швајцарецот во Дубаи, каде денеска започна со натпреварите на тамошниот турнир.
Роџер Федерер, верува дека Надал може да го надмине според бројот на Гренд слем титули, но воедно додаде дека кај него сè уште постои желба за освојување на трофеи. Федерер во досегашниот тек на кариерата има освоено 17 титули на Гренд слем турнирите, додека пак Надал може да се пофали со 13.
