Спорт

ФИБА ги казни Барса со забрана за трансфери!

Барселона носела и плаќала фудбалери помали од 18 години така што ФИФА, парично ја казни со 500.000 швајцарски франци и Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF), додедка пак самиот клубот два периода нема да смее да прави трансфери и да носи нови фудбалери.  Во рок од една година мора да го регулираат својот систем за меѓународни трансфери на малолетни фудбалери.

ФИФА утврдила дека Барселона и RFEF прекршиле неколку правила во врска со меѓународните трансфери и првото регистрирање на нешпанските фудбалери, а исто така откриле неправилности и со регистрацијата на некои фудбалери во националното првенство.

Со истрагата биле опфатени неколкумина малолетни фудбалери кои се регистрирани и играчи во Примера во периодот од 2009 до 2013 година.

Според правилникот на ФИФА, меѓународен трансфер на фудбалер е дозволен само доколку фудбалерот има повеќе од 18 години. Истото правило предвидува три ограничени околности, според кои може да се отстапи од законот, но тоа може да биде направено само по процената на Подкомитетот за статусот на фудбалери.

Write A Comment