Спорт

Гвардиола: Мотивацијата беше причина да заминам од Барса!

Пеп Гвардиола со autopista.es разговараше за времето поминато како тренер на Барселона и посочи дека една од причините за неговото заминување е неможноста повеќе да ги мотивира играчите.

Тој исто така ја посочува елиминацијата од Челзи во полу-финалето од Лигата на Шампионите, како еден од најтажните моменти во неговата тренерска кариера на Камп Ноу.

„Имаше неколку тажни моменти, а еден од нив е полу-финалната пресметка со Челзи во 2012 во Лигата на Шампионите. Бевме многу подобри од нашиот противник, но примивме еден непотребен гол, и пред да се освестиме, бевме елиминирани. Тоа беше голем пораз за мене. Чувствував дека повеќе не сум способен да го кренам мојот тим. Дали ова придонесе да заминам? Да, доколку не можете да ги мотивирате играчите, како тренер, знете дека дошло време да заминете. Освоивме 14 титули за 4 години, забележавме голем успех. Тоа беше најдобриот период во историјата на Барселона. Но успехот носи и проблеми, ми беше тешко да се мотивирам себеси и мојот тим.” – рече Пеп.

 

Напиши коментар