Спорт

Гвардиола сигурен дека тимот му оди во нагорна линија!

Пеп Гвардиола смета дека тимот напредувал во однос на минатото првенство, каде освои тројна титула.

„Задоволен сум што ја освоивме титулата, тоа е важно за овој клуб. Одигравме одлично и сега можеме само да уживаме, титулата во Бундес лигата е драгоцена. Во куп натпреварувањата ви се потребни четири или пет добро одиграни натпревари и веќе си во финалето, но во првенството мора напорно да се работи секој ден, секој викенд. Мислам дека тимот е уште подобар од минатата сезона, а тоа се должи на напорната работа“, рече Гвардиола.

„На почетокот на сезоната се надевав дека сè ќе биде добро, но не верував дека тоа ќе биде вака добро. Во првите четири-пет месеци се мачевме со повредите, не игравме добро, но победувавме благодарение на индивидуалниот квалитет. Сепак, секојдневно напредувавме“, заклучи Шпанецот.

Напиши коментар