Спорт

Интер ќе купуваат нови играчи?

Од неофицијални извори дознаено е дека интер ги сака во свкот тим Чакирито и Торес. Меѓутоа од клубот ги демантираат вестите, односно не сакаат да зборуваат на оваа тема

„Мислам дека Чичарито е добар фудбалер, но ние не сме разговарале ниту со него, ниту со Фернандо Торес“, рекол Тохир.

Сопственикот на Интер дополнил дека по завршувањето на сезоната ќе биде направен детален пресек, со цел да биде формиран силен тим кој ќе биде конкурентен во иднина во Италија и Европа.

„На крајот од сезоната ќе направиме пресек, ќе ги оцениме сите и младите играчи и оние кои се поискусни. Сакаме да изградиме силен тим кој ќе има иднина, не само во следната сезона, туку најмалку во следните три сезони“, рекол Тохир.

Инаку, Интер веќе го договори првото засилување за новата сезона, тоа е српскиот интернационалец Немања Видиќ, кој по завршувањето на сезоната ќе пристигне од Манчестер Јунајтед

Напиши коментар