Овошната салата ќе биде и поаромантична ако во неа ставете 1-2 лажици рум или вињак. Исто така подобро е да не ја засладувате со шеќер туку со сируп од малини или вишни, по вкус.
Ова се трикови кои ќе ви го олеснат работењето по дома:
Шпагетите и останатите тестенини полесно ќе се подгреат ако ги ставите во цедалка и на нив пуштите млаз врела вода. Потоа исцедете и послужете.
Малку испуканото јајце можете да го сварите ако во водата додадете 1-2 лажици оцет.
Матната јунешка супа ќе ја избистрите ако во врелата течност истурете една белка изматена со вилушка. По неколку минути белката ќе ги соедини сите честички кои супата ја прават матна. При повторното цедење супата ќе биде бистра.
При печењето на скара месото мора да биде суво, без влага, а подобро е ако малку се намачка со масло. Сол и црн пипер ќе ставите кога ќе биде испечено, затоа што солта повлекува вода па од месото би истекол сиот сок, а запечениот црн пипер има непријатен мирис и вкус.
Посното месо е многу повкусно ако се шпикува со сланината т.е. ако на повеќе места се направат малечки засечоци па се вметнат парчиња сланина. Шпикувањето ќе биде полесно ако исечканите парчиња сланина малку се замрзнат.
Сосот од домати за шпагети ќе биде повкусен ако му додадете една шоља кисела павлака.
Ако сами месите домашни јуфки, на секое јајце кое ќе го употребите во тестото истурете по половина лушпа млака вода. Јуфките ќе бидат одлични и нема да се кршат.
Кујнските крпи ќе бидат убаво испрани и полесно ќе се отстранат флеките ако преку ноќ ги оставите потопени во вода во која сте додале 1 лажица сода бикарбона. Утредента крпите исперете ги на стандарден начин.
