Спорт

Ивановиќ останува и понатаму во Челзи!

„Ова е најсреќниот период од мојот престој во Челзи. На тимот му оди добро, многу напредувавме од почетокот на сезоната. Имаме силен тим, но поседуваме потенцијал да бидеме уште подобри“, рекол Ивановиќ.

Капитенот на српската репрезентација е играч на Челзи од 2008 година, има одиграно 255 натпревари и постигнато 25 голови. Во Лондон, Ивановиќ пристигна од Локомотив Москва.

Челзи во моментов е лидер во Премиер лигата со 63 бодови, четири повеќе од Ливерпул и Арсенал и шест повеќе од Манчестер Сити кој има и два натпревари помалку.

Напиши коментар