Спорт

Како најлесно да ги истребите вошките!

Распространето е мислењето дека вошките се појавуваат само кај лицата кои не одржуваат хигиена. Но, тоа е само мит. Вошките можат да се појават кај секого, без разлика дали одржува беспрекорна хигиена или не.

  • Интензивно чешање, кое се појавува како резултат на алергиска реакција кон плунката која вошките ја инјектираат кога се хранат од скалпот.
  • Слабо чувство на скокоткање, исто како нешто да се движи низ косата.
  • Црвени точки и раздразнетост на скалпот или на вратот, кои може да се инфицираат.
  • Детектирање на вошка на скалпот.

 

Денес постојат различни шампони, спрејови, лосиони и прашоци кои се користат едноставно, а ефективно ги отстрануваат овие одбивни инсекти.

Многу е важно да ги следите инструкциите од упатството. Никогаш не употребувајте повеќе средство отколку што е посочено во упатството. Ако вашето дете има многу долга коса, најверојатно ќе ви биде потребно уште едно пакување од средството.

По третманот, најдобро е да ја исчешлате косата на детето над кадата. Средствата или ги усмртуваат или ги зашеметуваат вошките, па тие многу лесно излегуваат од косата. Наведнете го вашето дете над кадата и чешлајте со специјален чешел со многу блиску поставени запци. Чешлајте од тилот кон челото.

Доколку не пронајдете мртви вошки 8-12 часа по третманот, тогаш најверојатно средството не било ефективно. Консултирајте се со стручно лице за да ви препорача друг производ.

Пожелно е да ја повторувате процедурата со чешлањето на секои 2-3 дена. За подобро да се чешла, косата треба да биде влажна. Откако ќе изминат 7-10 дена, можете уште еднаш да го искористите средството против вошки.

Ако не сакате да користите средства против вошки, тогаш најдобриот начин да се ослободите од вошките е да ја чешлате косата со специјален чешел додека е водена. Повторувајте го чешлањето секој втор ден во текот на две недели. Овој метод особено се препорачува ако детето коешто има вошки е под 2 години.

Запомнете, вошките се пренесуваат лесно. Ако вашето дете има вошки, голема е веројатноста и вие да имате. Проверете ги сите членови на вашето семејство за да бидете сосема сигурни дека никој во вашиот дом нема вошки.

Write A Comment