Повеќето играчи на Металург го посакуваа Германскиот состав како противник во осмина финалето.
„Металург оваа пролет игра во одлична форма. Кил е големо ракометно име, но оваа сезона во Скопје не успеаја да победат ни Барселона, ни ПСЖ. Очекувам вистински спектакл, добро е што првиот меч го играме на домашен терен“, изјави генералниот секретар на Металург, Зоран Цветановски.
Во Кил иако го посакувале Металург за противник, не се премногу среќни од жрепката.
„Во Скопје е многу тешко да се игра, не очекува екипа која одлично е водена од Лино Червар. Пред ждрепката ги посакувавме ПСЖ или Металург, го добивме на крајот Металург за противник. Не сме пресреќни, но сме задоволни од името на противникот“, изјави Забине Холдорф претставникот на Кил.
