Спорт

Корина Шумахер: Оставете го Михаел и фамилијата на мира!!!

Гренобил –  Сопругата на Михаел Шумахер, Корина не замоли денес да престанеме со собирањето пред болницата во Греноблу каде се наоѓа славниот возач.

Михаел е веќе девет дена во кома, после тешката несреќа на скијане, а од првиот ден повеќе од 10 новинари и фоторепортери дежураат пред болницата така што би дознале детално за неговата состојба.

„Ве молам да не поддржите во заедничката борба со Михаел. Важно е да не им пречите на лекарите и болницата така што би можеле во мир да работат и да им верувате во соопштенијата. Ве молам напуштете ја болницата и оставете не на мир„ – рече Корона.

Борбата за живот на Михаел Шумахер е една од топ вестите низ светов. Десетици новинари се стигнати во Греноблу и бараат било каква вест за состојбата на возачот на Формула 1. Дел од нив капуваат пред болницата. Се обиделе и да влезат на петтиот спрат на кој се наоќа и Михаел. Еден од новинарите дури и се преправи во свештеник, така што би се приближил на ѕвездата.

Лекарите на универзитетската болница во Греноблу, соопштија дека состојбата на Шумахер е подобрна, а потпаролот Сабина Кем додала дека дополнителни соопштенија нема да се даваат.

Write A Comment