Мојата кујна

Ледена торта за само 4 минути

Конечно дојде вистинското пролетно време, а тоа значи само едно – повеќе забава и дружење за време на викендите. За да постигнете да подготвите нешто за гостите, обидете се со овој брз и иновативен рецепт за десерт за кој нема потреба да ја уклучувате рерната и да губите многу време. Потребно е само да купите сендвич – сладолед, сируп од карамела или чоколада и шлаг. Погледнете сами:

1. Наредете еден ред сладолед сендвичи

2. Направете три спрата, а помеѓу секој истурете карамел или чоколаден сируп

3. Премачкајте со шлаг

4. Како декорација, посипете малку карамел или чоколаден сируп, исечете и сервирајте разладено.

Напиши коментар