Спорт

Ливерпул им оддржа лекција на Јунајтед

Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, со 3-0.

Ливерпул, односно Стивен Џерард, на дербито изведе три удари од белата точка, од кои постигна два гола. Капитенот на црвените ги погоди првите два удари од белата точка во 34. и 47.минута, а не успеа да стигне до хет трик, бидејќи не го реализира третиот пенал.

Конечниот резултат го постави Луис Суарез во 84.минута од натпреварот.

Манчестер Јунајтед натпреварот го заврши со играч помалку, откако Видиќ во интервал од само шест минути доби два жолти картони. Сепак впечатокот е дека судијата беше престрог во одлуката.

По 30.коло, Ливерпул со натпревар помалку има 62 бода, четири помалку од лидерот Челзи, додека Манчестер Јунајтед остана на седмото место.

Напиши коментар