„Мораме во реваншот да постигнеме гол. Доколку не го направиме тоа, Баерн ќе мине во полуфиналето. Игравме добро, воодушевен сум од нашата партија, но разочаран сум што примивме гол. Игравме храбро, а навивачите беа сјајни, направија фантастична атмосфера“, изјави Мојс.
„Генерално сум задоволен од нашата игра, бидејќи Јунајтед е еден од најдобрите тимови во светот. Постигнавме гол на гостински терен, што е важно, но морам да признам дека сум среќен што ударите на Руни и Велбек не завршија во нашиот гол. Голот што го примивме едноставно не се бранеше“, изјавил Гвардиола.
Дејвид Мојс менаџерот на Манчестер Јунајтед, смета дека неговиот тим одиграл добро против европскиот првак Баерн, во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони. Задоволен од резултатот 1-1 е и тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола, кој истакна дека неговиот тим во одредени моменти бил среќен.
