← НАЗАД НА БОЗА

Металург и Вардар се со желба дуелите да ги имаат во СЦ „Борис Трајковски“

Металург и Вардар се со желба дуелите да ги имаат во  СЦ „Борис Трајковски“
674 Читања

“Сметаме дека е во заеднички интерес големото Македонско и Балканско дерби, кое веќе прераснува и во Европско да се игра во нормални услови, без притисоци и тоа да биде вистински празник. Да им покажеме на сите дека ривалството може да биде и поинакво, а не само со меѓусебно напаѓање. За овие дуели не се интересираат само македонските навивачи, туку интересот одамна ги надмина локалните граници, а тоа обврзува на поголема сериозност на сите нас“, се вели во соопштението на РК Вардар.

Од таборот на македонскиот шампион, потенцираат дека без оглед на тоа каков ќе биде одговорот од Металург, тие својот натпревар на кој треба да бидат домаќини ќе го играат во СЦ „Борис Трајковски“.

Инаку Вардар вчера предложи натпреварот од првото коло во Супер лигата во СРЦ „Кале“ да се одигра на 30.април или на 1.мај, на што Металург се огласи со свој предлог натпреварот од првото коло на кој домаќин треба да биде Вардар да се игра на 3 мај, а мечот од шестото коло на кој домаќин треба да е Металург да се игра на 9.мај.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk