20 минути во второто полувреме го чинеа пораз македонскиот првак на овој натпревар. Металург во 31 минута имаше предност од 13:10, потоа домаќинот до 48 минута со серија од 12:3 го решил прашањето на победникот.
Најефикасен во редовите на тимот од Автокоманда бил Игор Мандиќ со четири голови, додека по три гола постигнаа Лука Циндриќ и Гоце Георгиевски. Голманот Раде Мијатовиќ имал 13 интервенции.
Металург на оваа средба настапи без Ренато Вугринец и Павел Атман.
По 14 одиграни натпревари Металург се наоѓа на петтото место на табелата со 25 бодови.
