Спорт

Металург постигнаа победа против Колдинг

Тимската игра на Металург, која особено беше изразена во одбраната, го реши победникот.
„Знаевме дека тие се одични во одбраната. Нашата одбрана 6-0 беше извонредна, за 20 минути дадоа три гола, ги добивме со нивното оружје. Благодарност до публиката, не носеа во текот на целиот натпревар, особено во вториот дел кога имавме мала криза. Имавме многу херои на овој меч Вугринец, Станиќ, Миркуловски, Јонсоки во одбраната, но тимот победи.
Предноста е солидна, но во Данска нема да биде воопшто лесно, за реваншот треба ментално да бидеме подготвени. Доколку успеме да се пласираме во 1/4 финалето тоа ќе биде една од моите најдраги победи во кариерата. Сепак како и да заврши оваа сезона во ЛШ јас сум горд на моите играчи“, рече по натпреварот тренерот на Металург, Лино Червар.
Реваншот помеѓу Колдинг и Металург ќе се одигра на 30.март.

Напиши коментар