← НАЗАД НА БОЗА

Мурињо ќе ги продава сите напаѓачи!

Мурињо ќе ги продава сите напаѓачи!
609 Читања

За да ги реализира посакуваните трансфери, Мурињо нема да има голема финансиска помош од сопственикот Роман Абрамович, туку ќе мора парите да ги обезбеди преку продажба на некои фудбалери.

Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, во летниот преоден рок ќе направи голема чистка во тимот за да обезбеди пари за трансферите на Марио Манџукиќ и Диего Коста.

Дозвола да го напуштат „Стенфорд Бриџ“, најверојатно ќе добијат сите напаѓачи: Самуел Ето, Фернандо Торес, Демба Ба и Ромеу Лукаку (кој игра како позајмен во Евертон). Исто така не е исклучена можноста Португалецот да го жртвува Оскар или Еден Азар, се со цел да донесе напаѓачи кои ги задоволуваат неговите стандарди.

Дозвола да го напушти клубот ќе добие и Бразилецот Давид Луиз, а речиси сигурно е дека по седум години од тимот ќе замине и Ешли Кол.

Од друга страна се уште не е познато што ќе се случува со легендите на клубот Џон Тери и Френк Лампард, чии договори истекуваат на крајот од сезоната.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk