Спорт

Мурињо не сакал да оди во Манчестер Јунајтед!

„Не знам дали Ферги ме сакаше мене за свој наследник, но тој знаеше дека јас сакам да се вратам во Челзи. Разговаравме на таа тема по елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампиони. Тогаш му кажав дека Челзи е вистинското место за мене“, рекол Мурињо.
По заминувањето на Фергусон, менаџерската функција во Јунајтед ја презеде неговиот сонародник Дејвид Мојс кој тешко се снаоѓа во новата улога.
„Тој пристигна во нов клуб, кој претставува нова реалност за него, му треба време за да се адаптира. Следната сезона ќе биде подобар, но сакам да ве предупредам дека тој (Мојс) сè уште има шанси да ја освои Лигата на шампиони“, изјавил Мурињо.

Write A Comment