Спорт

Мурињо со негативни коментари за Арсен Венгер

Арсенал, иако според буџетот е секогаш меѓу четирите финансиски најмоќни тимови во лигата, од 2005 година нема освоено ниту еден трофеј. Во овој период трофеи успеале да освојат екипи како Портсмут, Бирмингем и Виган, кои во меѓувреме испаднаа од Премиер лигата.

„Тој е вистински специјалист за неуспех, а јас не сум и тука е во право. Јас се плашам од неуспехот, само поради тоа што не сум имал многу неуспеси во кариерата. Реалноста е таква, тој е специјалист бидејќи е осум години без освоен трофеј, тоа е дебакл. Доколку тоа ми се случеше мене, со Челзи осум години да не освојам трофеј би си заминал и никогаш повеќе не би се вратил“, истакнал контроверзниот Португалец.

Инаку, овој викенд во Англија, ќе се одиграат натпревари од осминафиналето во ФА купот, Челзи ќе игра против Манчестер Сити, додека Арсенал за противник ќе го има Ливерпул.

Write A Comment