Можеби мислите дека добро готвите, бидејќи знаете како да користите билки и зачини. Сепак, голема е веројатноста да сте направиле една од овие вообичаени грешки на аматерските готвачи.
Сопственик на ресторан во кинескиот Сечуан, предупредува за најчестите грешки.
Премногу зачини
‘Многу аматери тоа го прават. И јас го правев истото некогаш. Кога го добив својот прв сталак со зачини, ставав десетина зачини во се. Со тоа само ги збунував непцата. Подоцна сфатив дека добра техника и состојки на вкусот носат повеќе од самите зачини. Добриот оброк треба да има најмногу три или четири различни основни вкусови, заедно со некои ароми.’
Недоволно топла тава
Ако печете или пржите, тавата мора да биде многу добро загреана. За просечниот вок терба 5-7 минути за правилно да се загрее.
Мешање на храна за време на пржење
‘Повеќето луѓе пржењето го доживуваат како едноставно готвење на висока температура. Но тоа не е така. Идејата е да ја испржите храната, не да ја парите, а тоа значи постојано превртување на храната “фрлање”, а не мешање со лажица.
Не користите термометар
“Тоа обично го прават сите домашни готвачи. Кога и да ме прашаат зошто печењето не испаднало онака како што требало, ги прашувам дали користеле термометар. Во 99% од случаите велат НЕ.”
Додавање состојки во печење врз основа на вкус, а не на хемискиот состав
“Никогаш ништо немојте да додавате во печењето освен ако не сте потполно запознаени не само со вкусот, туку и со хемиските својства. Супер е да експериментирате, но на адекватен начин.”
Додавате премногу скроб за да го стегнете сосот
“И ова го прават многу луѓе, претпоставувам поради нетрпеливоста. За густ сос потребни ви се најмногу 2-3 лажици по чаша скроб и тоа само ако течноста веќе не содржи протеини или некаква емулгирана материја. Потребно е време за да започне магијата на количината скроб. Ако додадете премногу скроб, ќе добиете блунтав, зрнест и невкусен сос.”