Sweet Home

Најмалиот стан за една среќна жена (Видео)

Ова мало станче во Мадрид на две нивоа е вистински рај за неговата сопственичка! Погледнете како таа ужива и како да си игра со скриените врати, полици, паравани…

Ако си мислите дека вашиот стан е мал и дека спалната соба ви е тесна, погледнете го овој микро стан во срцето на Мадрид кој има шарм и функционалност многу поголем за разлика од големите простори.

Овој стан зафаќа површина од 57 метри квадратни, а поделен е на два нивоа.

Дека е можно  да бидете среќни во мал стан и лудо да се забавувате при тоа извршувајќи ги вообичаените домашни работи ќе ви покаже ова симпатично видео кое ќе ви демонстрира дека овој стан е поинаков од другите.

Со скриени врати и подвижни ѕидови кои ослободуваат повеќе простор отколку што можете да си замислите, овој мал рај кој е создаден од страна на тимот “Elii” го следи приказната “секој ден е можност нешто да смениме, да редизајнираме”.

И токму таа можност, постојано да го менувате просторот е најголемиот шарм на овој мал стан, кој намногу потсетува на недовршено поткровје.

“Скриените делови беа појдовна точка на проектот. Се трудевме максимално да го искористиме овој простор и да направиме место во кое исто како на сцената, постојано ќе се менува распоредот”, стои во коментарот на “Elli”.

А сопственичката? Таа е пресреќна и заљубена е во својот мал рај.

Погледнете го видеото и украдете и вие момент на среќа, а и неколку идеи за вашиот простор…

Напиши коментар