Спорт

Недоразбирања во ФИБА. Бартомеу незадоволен!

Играчите кои учествуваат во Евролигата, нема да можат да играат за своите репрезентации во ноември и февруари. ФИБА, го усвои новиот систем на натпреварување кој на сила ќе стапи во 2017 година, а Бартомеу тврди дека Евролигата предложила алтернативни решенија кои не биле прифатени од другата страна.
„НБА лигата веќе соопшти дека играчите нема да добијат дозвола во тие термини да играат за репрезентациите. Кога Евролигата ни ги наведе истите причини, ФИБА ни испрати поинаков одговор. Ние не сме НБА, но ниту ФИБА не е ФИФА на чии календар мора да се поддржува и Лео Меси. На пример за ФИБА би било во ред Рики Рубио да не се појави на репрезентативниот собир во февруари“, рекол Бартомеу.
Претседателот на Евролигата и покрај несогласувањата со ФИБА по ова прашање, не одрекува дека репрезентативните акции и соби се важни и за клупските натпреварувања.
„Прва алтернатива е во јуни и во јули да играат репрезентациите, а втората алтернатива е тоа да се случува во септември или во октомври. Ние сме подготвени стартот на Евролигата да го поместиме во ноември, но во ФИБА не сакаа да ги слушнат нашите предлози. Евролигата нема да ги пушта своите играчи да им се стават на располагање на националните тимови, тоа прашање го решивме уште во 2000 година“, заклучил Бартомеу.

Напиши коментар