Перо Антиќ поради повреда не настапи на мечот НБА Ол Стар, неговото присуство во „Air Canada Center“ донесе повеќе од 600 Македонци организирани од здружението „Македонска нација“, со македонски национални обележја да присуствуваат на трибините и со гордост да навиваат за Антиќ.
При пристигнувањето во Торонто, Антиќ оствари средба со Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, Драган Ѓурчевски, кој му пренесе искрени поздрави во името на македонската заедница во Канада и му посака побрзо заздравување и продолжување на одличната промоција што ја прави во САД, Канада и остатокот на светот.
Натпреварот заврши со победа на Торонто од 104:83, Демар Дерозан со 31 поен беше најефикасен кај Репторс, додека кај Атланта се истакна Густаво Ајон со 18 поени и 10 скокови.
