Спорт

По победата над Тотенхем, Челзи први на табелата!

Откако го совладаа Тотенхем со 4:0, Челзи стана лидер во првенството со 66 бодови. Ливерпул и Арсенал имаат еден натпревар помалку и заостануваат со седум бодови зад Челзи. Во игра за шампионската титула е и Манчестер Сити кој со три натпревари помалку има девет бодови негатива во однос на Челзи.

Натпреварот на „Станфорд Бриџ“, го реши Самуел Ето, кој најпрвин катастрофалната грешка на Вертонген ја претвори во гол, а потоа изнуди пенал и црвен картон за Кабул. Азар пеналот го претвори во гол.

Во финишот на натпреварот, дефанзивците на Тотенхем, направија уште две кардинални грешки, кои ги казни со два гола Демба Ба.

Напиши коментар