Големите Реал Мадрид се се поблиску до пласман во финалето на Купот на Кралот, откако во првиот полуфинален натпревар забележаа победа над градскиот ривал Атлетико од 3:0 (1:0).
Атлетико во најлошиот момент го одигра најлошиот натпревар во сезоната, што Реал максимално го искористи.
Инсуа со авто гол го отвори резултатот уште во 17.минута, а во продолжение следуваа головите на Хесе во 57. минута и Миранда (авто гол ) во 73.минута.
Реванш натпреварот помеѓу градските ривали ќе се одигра на „Винсенте Калдерон“ на 11.февруари.
