Спорт

Ристевски е најдобриот македонски олимпиец

Антонио Ристевски го освои 30-то место на слаломската трка, која се возеше на Зимските олимписки игри во Сочи.

Ристевски на целта имаше време од 1:58.44 минути, што за 16,0 секунди беше побавно од времето кое го постигна новиот олимписки првак во слалом, Австриецот Марио Мат.

Инаку, 30-то место на Ристевски е најдобриот пласман на некој македонски спортист на едни Зимски олимписки игри.

Слаломската трка ја стартуваа 117 скијачи, а по двете возења, на целта стигнаа 45-мина.

Write A Comment