„Овој судија не беше на висина на задачата. Потребен ни е судија кој е смирен, тој беше многу лош. Се се смени по пеналот на Нејмар, за нас не судеше уште еден пенал. Пет години сум во Реал, почнав да ги разбирам работите и како функционираат тие. Ние никогаш не профитираме од судиските одлуки“, рекол Роналдо.
На истиот натпревар беше досуден пеналот кој Маљенко го досуди за Реал, а во кој учествуваше и Роналдо и беше направен надвор од шеснаесетникот на Барселона.
Реал во дербито загуби од Барселона, а мечот покрај судијата Маљенко, го одбележа црвениот картон на Серхио Рамос и ’хет-трикот’ на Лео Меси, со кој Аргентинецот испиша нова историја во пресметките со Реал.
Критики до главниот судија упати и Серхио Рамос кој во 62.минута доби директен црвен картон, поради фаулот врз Нејмар.
„Не го допрев Нејмар. Застанав, затоа што повеќе преферирам 3:3, отколку играч помалку и пенал. Сите видоа што се случи, на крајот и можевме да извлечеме реми но не ни дозволија. Постојат некои работи против кои не можете да се изборите“, заклучил Рамос, кој против Барселона го доби 19-от црвен картон во кариерата.
