Спорт

Роналдо нема да настапува на мечот помеѓу Борусија и Реал?

„Кристијано секогаш сака да игра, тоа го сакам и јас, но тој е професионалец и најдобро ќе оцени дали е во можност да се појави на теренот. Имаме време да решиме дали ќе игра, нема да брзаме со одлуката. Во секој случај нема да ризикуваме повредата дополнително да се влоши“, им изјавил Анчелоти на новинарите по пристигнувањето во Дортмунд.

Роналдо за Реал има постигнато 45 голови во сите натпреварувања оваа сезона. Во Лигата на шампиони му недостасува уште еден гол за да стане апсолутен рекордер, откако во досегашните натпревари постигна 14 голови.

Португалецот поради болки во коленото вчера пред време го заврши тренингот на Реал. Роналдо поради повреденото колено не играше во саботата против Реал Сосиедад.

Реал во Дортмунд реваншот ќе го започне со предност од 3-0, а тренерот Карло Анчелоти изјави дека нема да ризикува својот најдобар играч да го стави во тимот доколку тој не биде целосно подготвен.

Натпреварот меѓу Борусија и Реал ќе почне во 20:45 часот.

Write A Comment