Спорт

Роналдо верува во Нејмар!

„Нејмар ќе биде најдобриот бразилски фудбалер на Светското првенство, тој веќе го покажа квалитетот кој го поседува. Во овој момент, во Барселона тој е само помошник на Лео Меси, но тој е најсветлата надеж за иднината на бразилскиот фудбал. Доколку Бразил стигне до финалето, а Нејмар се покаже во вистинското светло, тогаш ќе биде најголемата ѕвезда на Светското првенство“, рече Роналдо.
Роналдо е дел од организацијата на Светското првенство, кое во Бразил ќе се одржи од 12 јуни до 13 jули 2014 година.

Write A Comment