← НАЗАД НА БОЗА

Шокантно: Челзи местеле натпревари!?

Шокантно: Челзи местеле натпревари!?
467 Читања

Грузиецот Мераб Јорданиа, кој бил сопственик на Витесае, за весникот „De Telegraaf”, рекол дека Челзи, кој инаку финансиски го поддржува холандскиот клуб, не сака Витесе да ја освои шампионската титула или да биде втор во првенството, бидејќи тогаш еден од двата тима автоматски би морал да се откаже од местото во Лигата на шампиони.

Кога станува збор за екипи кои имаат ист сопственик правилата на УЕФА се кристално јасни, тие не можат да учествуваат во исто натпреварување.

„Челзи ја има финансиската контрола во Арнхем, во тоа нема никакво сомневање“, рекол поранешниот технички директор на Витесе, Тед Ван Леувен.

Тој нагласил дека Челзи покрива добар дел од платниот список на Витесе и дека во овој клуб играат неколкумина фудбалери на сините од Лондон. Ван Леувен рекол дека Челзи има интерес овие фудбалери да напредуваат, но нема интерес да напредува и Витесе.

Холандската фудбалска федерација (KNVB), соопштил дека ќе ги испита наводите на Јорданиа.

„KNVB ќе побара од Витесе да ја образложи организационата структура во клубот и начинот на кој таа функционира“, стои во соопштението од KVNB.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk