Спорт

Сите очеквуаат Баерн да победи на ЛШ

Кај најпознатите светски обложувалници, коефициентот дека Баерн ќе ја одбрани титулата се движи помеѓу 2,50 и 3.

Најголеми конкуренти на Баварците, според букмејкерите, ќе им бидат шпанските великани Барселона и Реал Мадрид. Коефициентот дека еден од овие два тима ќе ја освои титулата изнесува 4,50.

Зад Баерн, Барселона и Реал, следуваат Пари Сен Жермен (коефициент 11), Челзи (13), Атлетико Мадрид (15), Борусија Дортмунд (17).

Најмалку шанси за освојување на титулата му се даваат на Манчестер Јунајтед, коефициент 20.

Финалниот натпревар во Лигата на шампиони за сезоната 2013/2014, ќе се одигра на 24.мај во Лисабон.

Напиши коментар