Мигел Анхел Ајза не добил преодна оценка за арбитражата на натпреварот кој во неделата се одигра на „Сан Мамеш“ во Билбао. Ајза, поради казната ќе паузира четири недели. Шпанските медиуми, пренесоа дека Ајза до крајот на сезоната нема да суди на натпреварите на кои ќе игра Реал Мадрид.
Поради црвениот картон, Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, го суспендира Роналдо на три натпревара. Португалецот ќе ги пропушти натпреварите во првенството против Виљареал, Хетафе и Елче.
