Спорт

Валдез го пропушти мундијалот

Виктор Валдез кој е голман во Барселона поради повредата на коленото ќе го пропушти Светското првенство во Бразил. Валдез се повреди при една интервенција во 21 минута на натпреварот помеѓу Барселона и Селта Виго (3-0).

Точната дијагноза лекарскиот тим на Барселона ќе ја постави по дополнителните прегледи, но првичните прогнози велат дека Валдез ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, поради што му се заканува пауза помеѓу шест и девет месеци.

Натпреварот против Селта по се изгледа беше последен за Валдез во дресот на Барселона, бидејќи тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Напиши коментар