Спорт

Валдез со позитивни резултати после операцијата!

Валдез (32) на мечот со Селта при една рутинска интервенција ги скина лигаментите на коленото, која во прашање ја доведува неговата понатамошна кариера. Договорот на искусниот голман со Барселона истекува на крајот од сезоната, а откако тој објави дека нема да остане на „Ноу Камп“, сериозен интерес за неговите услуги покажаа Монако и Манчестер Сити.

Голманот на Барселона, Виктор Валдез, денеска имал успешна операција на колено кое го повреди на натпреварот со Селта. Според прогнозите Валдез ќе отсуствува од терените најмалку седум месеци.

Во меѓувреме се појавија информации дека Барселона на искусниот голман, кој целата своја кариера ја минува на „Ноу Камп“, ќе му понуди продолжување на соработката.

Напиши коментар