Вардар во Париз одигра лош натпревар, со многу технички грешки во нападот и премногу слабо во одбраната.
ПСЖ го реши победникот во првите 10 минути од второто полувреме, кога со серија 7:1 се „одлепи“ на 21:13.
До крајот на мечот французите стигнаа и до највисоката предност 33:22 (56.минута).
Во поразот на Вардар единствено Карачиќ и Прибак заслужија преодна оценка за својот настап. Карачиќ постигна девет, а Прибак пет голови.
ПСЖ го предводеше голманот Аноне кој имаше 15 интервенции. Абало и Гарсија со по пет голови беа најефикасни кај ПСЖ.
