Спорт

Видиќ замина од Манчестер Јунајтед

„Ова е последна година од мојот договор. Зад себе имам осум прекрасни години во клубот. Времето кое го минав во Манчестер Јунајтед засекогаш ќе биде запишано како најуспешно во мојата кариера. Не можев да замислам дека ќе освојам 15 трофеи, а засекогаш ќе ја паметам ноќта во Москва. Сепак решив да заминам по завршувањето на сезоната. Сакам нов предизвик во кариерата, ќе се обидам уште еднаш да го извлечам најдоброто од себе. Во преостанатиот период ќе се фокусирам на Манчестер Јунајтед“, се наведува во соопштението.

Дефанзивецот истакнал дека нема намера да остане во Англија, но не крие дека има неколку опции за продолжување на кариерата.

„Се надевам дека со ова ќе престанат сите шпекулации околу мојата иднина“, стои во соопштението на Видиќ.

Интерес за Видиќ покажуваат Барселона, Jувентус, Интер и Милан.

Write A Comment