Спорт

Во историјата на Примера, Меси го зема петтото место

Со победата над Севиља со 4:1, големиот меси освои нов рекорд. Стигна до петтото место на Примера.

На врвот на вечната листа во Примера е легендарниот Баскиец, Телмо Зара, кој во периодот од 1940 до 1955 година, на 277 натпревари постигнал 251 гол.

Покрај Зара, пред Меси се наоѓаат тројца поранешни играчи на Реал Мадрид: Хуго Санчез (234), Раул (228) и Ди Стефано (227).

Со оглед на тоа дека Меси има 26 години, реално е веќе во следната сезона да го надмине Зара на првото место на вечната листа.

Инаку, Аргентинецот е најмладиот играч во историјата на Примера кој стигнал до бројката од 200 голови во кариерата.

Write A Comment