Жозе Мурињо кој е менаџер на Челзи, сака да го донесе во клубот 40-годишниот капитен на Интер, Хавиер Занети, јавуваат англиските медиуми.
Договорот на Занети со Интер истекува во јуни годинава, а според планот на Мурињо, тој во Челзи би имал двојна улога, односно би бил и играч и тренер.
Мурињо најпрвин би го користел Занети на теренот, а подоцна тој би станал негов прв асистент.
Хавиер Занети е жива легенда на Интер, во клубот е од 1995 година, а неодамна изјави дека не е премногу заинтересиран за тренерската работа.
