Спорт

Здравјето на Шумахер подобрено!

Gazetta тврди дека од блиски извори од болницата во која се лекува Шумахер, дознале дека започнал самостојно да дише и да реагира на гласови. Меѓутоа, откако сторијата се рашири како молња, гласноговорникот на Шумахер, Сабина Кехм излезе со обраќање до медиумите кое наликува на сите претходни.

„Михаел се уште е во фаза на будење, а ситуацијата нема драстични промени. Сите медицински информации кои се објавени, а не се потврдени од лекарите или менаџментот на Шумахер, не може да се сметаат како точни.“ стои во обраќањето.

Напиши коментар