Спорт

ЖР Вардар оди во четврт финалето на ЛШ

Македонските шампионки на завршниот турнир патуваат како првопласирана екипа од Групата 1, втор патник од групата е Митјиланд.

Вардарки, против Савехоф, одиграа уште еден натпревар со многу осцилации, а до победата ги предводеше голманката Ина Суслина, која имаше 15 интервенции и одбрани три седмерци.

„Црвено-црните“ фуриозно го започнаа натпреварот, во првите 10 минути стигнаа до предност од 6:0, а во останатиот дел од првото полувреме постигнаа само пет голови, а примија девет.

Ракометарките на Савехоф на отворањето на второто полувреме, постигнаа три гола во серија со што стигнаа до стигнаа до своето прво и единствено водство на мечот.

По тајм аутот на Кастратовиќ, Вардарки заиграа многу поангажирано и во периодот од 35. до 48.минута, со серија од 8:1, повторно стигнаа до највисоката предност од шест голови (19:13), со што го решија прашањето на победникот.

Листата на стрелци кај Вардар ја предводеше Андреа Лекиќ со седум голови, Хмирова и Радичевиќ постигнаа по четири голови.

Во редовите на Савехоф се истакна голманката Бундсен со 17 интервенции.

Напиши коментар